курдиса (св.)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Од другата страна на градот, само со малку подзарипнат глас, езанот го најави неговиот колега кој изгледа не го курдисал часовникот, та двата звука делуваа како фонија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Дедот Петко си влезе на малата врата и си отиде горе, се курдиса на тланик.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Летото подзастаре и тогаш дојдоа Бугари и Германци. В село. Се курдисаа по куќите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Калија везеше многу убаво. Попладне, откако ќе ги свршеше домашните работи, туку ќе се курдисаше на чардачето и, наведната врз ѓерѓевот сѐ додека беше виделина, го чекаше така Маркота од дуќан, кој секогаш ѝ носеше измирска алва во книџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некои од комшиите и курдисале муабети да го прашаат Силјана. – "Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Еда откако ме крдиса и спав рает, еда, не пристанував ноќта, не ме повтори уплавот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ами брзо оди кај Маса Ќулумоска, ми вели Мисајлејца, оди да те крдиса, оти таа од сите работи чепкат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На секоја автобуска, тој пристигнува тачно у секунда, така да по него можеш да си го курдисаш саатот.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
До неделата курдисал царот свадба да праит и кума лиса го повела воденичарот по себе за по невеста кај царот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)