куршум м.
куршумен прид.

куршум (м.)

Кога се смири малку пукањето, кога се уталожи, што ќе видиме: озгора нѐ напокриле лисја и гранчиња што ги кинеле куршумите. Од крај в крај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќето кои паѓаат, куршум добиваат во темето, плеќите, нозете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Куршумот зацвили над неговата глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Куршумите свиреа удирајќи по дрвените самари на коњите одбивајќи се од нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првиот што излегол, пукнал во некој од Турците и така на куршум одговарале со куршум, на штик со кама. Така изгинале нашите до еден...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама, било за да останам, ниеден куршум не ме фаќа. „Некогаш и господ ќе те види и ќе се замеша, велеше мајка, и да не го викаш ќе те побара, ќе застане да те брани.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Легнав и гледав веднаш до мене како да врне дожд од куршуми од митралезот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оној ли крај границите застанат на стража со прастарите куршуми во оружјата нови...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Па сега - одбирај, чиј куршум понеболи. Од оние отаде, или од овие овдека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Куршумот да помине покрај главата моја и да ја погоди неговата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стрелајте од грб и гледајте да погодите уште со првиот куршум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Куршум со куршум да се втасува и да се погаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Брчат ко оси куршумите и удираат во ѕидот од куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се чу дека куршумот му поминал некаде низ градите и ништо не му скинал. Како да бил негов роднина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе