кусоглед (прид.)
Господе, запази ги животите на луѓето, гласно изговори старецот и го крена погледот спрема пругоре, спрема небото, а тоа модро и проѕирно и извишено потаму од пајажината до која што достигаа неговите кусогледи очи, изгледаше учудено и насила заплатено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од гостите никој ништо не забележуваше. Или ракијата ги чинеше кусогледи или во исчекување молчеа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)