куче ср.
кучешки прид.

куче (ср.)

Нѐ построија покрај шините, покрај чакалот и нѐ шетаат ко кучиња на мочање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го враќаше и кучето, ама тоа кршна од посоката и пак нѐ пречека на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и кучињата нѐ гледаа со истата омраза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом ја видоа светлината, кучињата се стрчаа кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги викнавме телевизиите да видат каков скандал е ова со кучињава скитници.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некое куче нѐ подлавнува, петлите кукурикаат по плотовите, сѐ околу нас пее. „Околу Ѓурѓовден, велеше мајка, секое дрво знае да пее и секое дрво да се радува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не знаете дали ќе ве накалат на виљушка или ќе ве фрлат на кучињата. Хе- хе. Така е или не?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тага ми го стисна грлото. Го гледав малото неподвижно кученце и не можев да верувам дека утре не ќе можам да го поделам со него кришум земеното парче леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На влезот се разлеа крв прошарана со крувци мозок од истурената глава од кучето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И сето тоа излегува надвор и се смешува со некое далечно прилајување на куче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше задолжен да ги хушка кучињата што излајале по интернетот и сето тоа прецизно да го бележи во неговата црна книга со какушки за која беше дебело платен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Братучедите сепак ја отворија портата и тогаш кучињата им се пуштија на месо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некој спомна дека некогаш пред илјада години за таква болест гореле живи кучиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите што нѐ пристасуваат гледаат по кучето наше и си плукаат во пазувите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
А кога некогаш ќе го откриеше кучето по миризбата што го носеа со себе, тогаш тој се преправаше дека заспал или дека го фатиле силни грчеви во стомакот или го исчашил глуждот од ногата и не можел да оди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Повеќе