левичар м.
левичарски прид.

левичар (м.)

Под навалицата од најекстремни левичари и десничари разумот се повлече.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Роден 1925-та година во семејство кое традиционално имало десничарски политички уверувања, Делез целиот живот го мина како левичар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа на некој начин требаше да ни даде некој имиџ на малечки левичари.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Инаку е филмски композитор, вечен левичар, активен учесник во разни љубовни незгоди, прекрасен човек и добар пријател.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тие потенцирале дека „меѓу српските и македонско-словенските ‘партизани’ и бугарските левичари во 1943 год., се чини, имаше повеќе одушевеност за една социјална револуција отколку за националните држави“, а истото го заклучиле и за Грција и Албанија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пикасо, еден од вашите идоли, беше левичар, чинам, додека вие сте малку поконзервативен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)