легален (прид.)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бездруго, македонските маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во Турската Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ќе се фрлиш за прв пат
главечки, ќе пливаш само за себе
butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш
оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш
по пробивот на сонцето, ако го има
по работата на срцето
по подноктиците
перките и алгите
по трагите од морските пци
ќе ја унапредуваш техниката
отскок на површината
во последен миг
неверна кон сѐ
кон животот посебно:
ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел
во ждрелата на оние кои во тебе гледаат
неидентифициран плод, увод во гревот
зашто другите, одбраните, некаде далеку
ѕемнат во истите ноќи, подоткриени
јазикот го вадат од мрзеливи легални усни
и скришум ги бришат своите
благоглаголливи:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Доколку едниот од партнерите ненадејно почине и не остави тестамент зад себе, другиот партнер нема третман на легален наследник - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку живееле во брак.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И така, работењето наше ќе треба да биде врз почвата на народното просветување: мирно, легално, еволуционо; тоа ќе има за цел интелигенцијата да биде вистинска слугинка на народот, а не наопаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се разбира, тие никогаш не помислувале дека до пари ќе може да дојдат на легален начин - преку членски внос, работа или слично.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Појавата на новите дроги кои немаат решен легален статус создаде вистински хаос во општествениот третман на проблемот со дрогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Строгоста на овој систем, посебно откако владата ги заостри прописите 1968. година, значително ја ограничи легалната можност на наркоманите да набават дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Постои цела низа начини како би можел да се организира легалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, размерите што ги беше зела ВМРО со дејноста на својот легален и нелегален апарат беа толку големи што ЦК, да беше составен дури од професионални револуционери, пак не можеше да одговори на созреаните потреби за пропагандата, агитацијата, подготовките, обуката, камоли пак да раководи со револуционерните дејствија во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Спротивно на очекувањата, стана јасно дека нема ништо ослободувачко во сломот на државниот авторитет - напротив: препуштени им сме на корупцијата и на немилосрдната битка на локалните интереси коишто веќе не се ограничени со било каква формална легална рамка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Казнувањето на наркоманите претставува лоша политика поради најмалку пет причини: Казните за уживање дрога неправедно ја ограничуваат слободата на полнолетните лица да користат супстанци кои не се ништо поопасни од некои други кои легално можат да се набават и ги затвораат луѓето поради постапки кои, за разлика од поголемиот дел на кривични дела, не нанесуваат директна штета на другите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Конечно, лесните дроги според сите оние кои имаат искуство со нив, а и според многу научници неоптоварени од лажниот морал на пуританизмот, ќе ви потврдат дека хашишот и марихуаната се далеку побезопасни, понетоксични и, што е многу важно, понеагресивни наркотици од алкохолот, кој е легален. Каков парадокс.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Законски статус: легална во Велика Британија, но забранета во Америка, Канада, Норвешка, Шведска и Швајцарија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Забраната ги поттикнува малолетниците на уживање дрога и нејзино продавање со тоа што создава подземје во кое истите тие малолетници можат да остварат таква заработувачка која е невозможна во легални услови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Да се дозволи во Соединетите Држави скоро исто толку висок процент на уживатели на кокаин, крек, хероин и марихуана да биде присилен да се вон легалниот пазар, тоа значи силно развиено подземје во кое владеат насилство и криминал.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)