легендарен прид.

легендарен (прид.)

Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и кога би постоело легендарното Братство, што беше малку веројатно, беше незамисливо дека неговите членови би можеле некогаш да се состанат во поголем број отколку во двојки или во тројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот се донесе паметното решение: да, се прибере Толе во мрежата на Организацијата и да се исползува, како неговата лична храброст, така исто и неговиот легендарен авторитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се чинеше како таа да беше дојдена од некој мистериозен шумски предел за да донесе малку од легендарното богатство во оваа сурова околина од железо и цемент.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Препознатлива униформа на легендарниот водач. Уште од времето кога се бореше за независноста на својата земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше Гоце Делчев, македонски легендарен војвода, војвода над сите војводи, душата на Внатрешна македонска револуционерна организација.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разни состави, дојдени од далеку, пееле носталгични тоскиски полифонски песни, со тивок призвук на меланхолија, за настани од минатото, во кои биле вмешани видни личности, јунаци од семејството, посебно легендарниот херој Суљ-Старова.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повикувајќи ги да „ги слават животот и делата на старите и на новите популарни геј- икони во тие внимателно (понекогаш и опсесивно) составени приватни збирки и музеи на разни диви“, списанието препорача седум локали, меѓу кои и „Легендарната збирка на Џоан Крафорд“ во Сан Франциско, која не ја собрала некоја остарена филмска кралица, туку извесен млад љубител на Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпознатиот мегу нив Самјуел Тејлор Колриџ, се претпоставува дека својата позната поема Кублај Кан ја напишал после будење од опиумски сон, во кој јасно го видел легендарниот град Ксанаду (Xanadu), кој бил соѕидан од славниот монголски кан и кинески цар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Г-ѓа Данавеј заслужи Оскар за улогата на легендарната Крафорд, која посвоила две руси дерлиња што постојано ја сопкаат во кариерата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бев задоволен што го добивав благословот од легендарниот татко на нацијата, да служам во неговата земја, во зближувањето на двата народа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зографот го прикажал како човек - владетел, не го прикажал во легендарни димензии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Десно од нас истопорен на мермерен постамент – Коте, оној легендарен грчки паликари - јунак, кој за неколку јудашки златници со два прсти подадени од костурскиот грчки владика Каравангелис, го обезглави Лазо Поп Трајков. Котас, пишува на споменикот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Високо дури во синото небо, издигнала глава легендарната Пирин Планина. По нејзините падини растат зелени борови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Храбрата мајка ќе почине во осумдесет и шестата година од животот крај својот син, додека тој на својата легендарна машина за пишување ја продолжувал својата преведувачка аскеза.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе