лежи (несв.)
Ете, оној таму под дрвото. Веќе два дена лежи.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Лежат мирно под сенката на високите борови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Задоволството лежеше врз него.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зла судбина на глава ни лежи, бол и тага плетат свои мрежи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тажен, разочаран, бесен, лежеше и размислуваше. Но ништо не можеше да смисли.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ни се седи, ни се лежи. Постелата стои некрената и јас ја гледам и само прашувам: кој ја испразни толку постелата, боже?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мислеше дека ме опива првото доброутро на пролетта во таа крастава година да лежам со тил на камен и без трепкање да го гледам движењето на орлите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Чуновите на кои лежеа со чинки на очите довчерашните ловци на робови ги одбутнавте од брегот кон реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А колку само од нив им јавиле на домашните дека некој пресечен дрвар останал да леже во планината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја пушти златната пара на градите од девојчето што лежеше мирно на рацете од мајката.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Таа лежи смирена и нежна и не го чувствува неговото присуство крај себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тихо е и лежи тежина врз темето и грлото го стега сувото попладне.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ништо друго - бесконечно спирално движење на љубопитност: ќе го предаде ли оној на прогонувачите и ќе продолжи ли во истата постела она во што беше прекинат кога се обидуваше да сокрие дека зад платнениот параван лежи гола жена.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)