лезет (м.)
Каква ќе биде судбината на зборот мезе во нашата листа? запраша Камилски откако го почувствува лезетот на кавијарот од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Знаеш, тутунот го правит лезет муабетот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да не постоеше лезетот, којзнае дали би постоел и човекот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Било лезет, тврди една испитаничка од спротивставениот табор на здружението на излетнички, што на митинг одат со парола: „Што го чуваш по дома?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Да пушиш со другари имало лезет. Досега палев скришум и сам.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тука може некој да нѐ види и да нѐ поткаже“, рече Љупчо. „Тука нема лезет.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Вака не ми е лезет чикнфрајд пиле зашто можам да згрешам некоја коска да фрлам во јардот и смокот да ми се задави и на самото место дед мртов да остане...“
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)