лектор (м.)

Претпоставувам дека под поимот читателот да се дразни со трикови, “уредник” го подразбирате лекторот.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Чекајќи се умори и се пензионира малку пред време како лектор во дневниот весник Вечер (кој одамна веќе не е тоа што беше).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Лекторот дури тогаш може да ја оцени компетентноста на преведувачот, со посредство на продуктот на ЈЦ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ваквото издание на Правописот на македонскиот јазик, збогатено со современи примери и со понудени повеќе можности, им ја олеснува работата на лекторите и на преведувачите во нашава земја.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)