лелее несв.

лелее (несв.)

Замисли си, да го видиш ликот на мајка си, или на онаа која ти е прилегната до срцето, како се лелее под површината на водата а нема сили да се измолкне надвор и вистински да се покаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се лелее на ветрот и ми ја обликува голата задница, оцртувајќи го триаглестиот израз на бикините.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Е, можам да те замислам, со кацига на глава и фустанот кој зад тебе ќе се лелее како барјак низ Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Види како гордо се лелее неговата грива на ветрот, и како со смеслоста своја управува тој, не дозволува секој еден што ќе намисли, да му ги собори слободните движења!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа секако во неговиот душник јадот лелееше спарушена трева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ е осветлено како на Сведен, Во воздухот лелее глас молитвен Утро е.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Чувствувам леснина и опој кој лелее од сите страни на Сарајот: од таваните, од подот, од ќилимите, од книгите на рафтовите и полиците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Над сите тие настани како да се лелееше некоја чудесна нестварност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лелеј! Лелеј, лелеј, пиштам јас, си ја кубам косата се разбркувале во врбушките, нашле крстици со пушки, со ножеви, со матерки, со куршуми и што ти не. Небаре капици сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Писокот на свирењето на ветерот се лелееше низ воздухот во селото одавајќи ја стравотијата, се одбиваше од голите околни ридови, предадени на ветерот како покорни заробени војници.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе се разбудевме во ноќта и ќе почувствувавме како студеникавиот воздух се загрева, ќе почувствувавме оган во ветерот или ќе видевме како ѕидовите за миг горат со светла боја, и тогаш знаевме дека неговата ракета е над нашата куќа -- неговата ракета, додека дабовите се лелеат од воздушниот удар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја лелееше неговата свест. го влечеше кон далечна нестварност. Ја месеше неговата магла како што се меси тесто и ѝ вдахнуваше живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Иако не можам да одречам дека околу секој збор што ни открива и најмала непријатност сврзана со некој поединец кој не ни е по волја, се лелее некоја прозрачна леснотија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи кога спомнувам леснотија што се лелее всушност мислам на лелеењето на нашето задоволство откако ќе наиде грдата вест.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Личеше на гнездо на хоботници, исфрлајќи ги големите краци од меснато зеленило, лелеејќи се и цутејќи во таа куса пролет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лелее, јас сирота шо су дочекала, детето мое од мене да бега! — и почна да плаче пред него и да крши прсти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе