леса (ж.)
Децата се растрчаа и набргу имаше сѐ што требаше за една леса врз која го наместија дедо Костадин и врз рамењата на Танаско, на Друже Србине и на некои други, му ги прошетаа очите по бистрото и сино небо од станицата сѐ до куќата на која не требаше да ѝ се отвораат вратите и прозорците оти уште од кога замина бабата Петра тие зееја со пустошот во себе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Соседите беа браќа, со семејствата: едниот овчар на бегот, а другиот задолжен за плетење кошници, врбови леси и рогозки од шеварот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Бојан ги прибра во тремот, ги собра во долната половина, каде што во јаслите го беше наредил сеното, и ги загради со една леса, која служеше, кога е потребно, тремот да се преградува на две.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дедото Петко за местото се пазарел со Буровица, го платил со единаесет жолтици и кога таа еден пазарен ден тргнала за Воден да му го препише местото, на Белојаса, на свиокот од патот, на најлошото место, коњот се сопнал и таа одлетала во реката. Од таму ја донеле на леса, ама мртва.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)