летва (ж.)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мери некои летвички, со вистинско метро ги мери; мазни некои штички со мало ноже; се внел човекот во некоја работа која и најумниот не може да ја разбере.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па така се појавија и првите преградни ѕидови од летви и црна катранска хартија или од ребрести долги ролни картон.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Едни вадат камења од реката, ги кршат и ги носат, други сечат греди, летви, чатми, диреци и појаси, жените мешаат кал со плева, гаснат вар и се крена куќарчето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Исто таква хартиена врата склепана од летви а облечена во хартија, со писклив крцкот се подотвораше на внатре и малку го откриваше железниот кревет со дебел и мек сламарник и неколку војнички куверти врз него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Гледаш, материјал колку да посакаш; летви, летвички, штици и штички.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)