летувач (м.)
Параскева нѐ покани дома и ни кажа дека издава наместени соби за летувачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Летувачите од Охрид и од Крушево, болните од бањите, се враќаа дома не чекајќи да им изминат трите недели.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)