лешник (м.)
Им реков: Слаб сум и за кајче од лушпа на лешник.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се фаќаш за глава, а како лешник да фаќаш со прстите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Олкави вака солзи, ко лешници ми капат в уста и на лицето од Ангелета мој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои велат дека лешниците ќе бидат шупливи, други - дека ќе имаме длабока зима.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Климент Камилски, кој го следеше подготвувањето на баклавата од суканите тенки, речиси проѕирни бели кори, до додавањето врз секоја кора на филот претходно направен со мешање на состојките мелени ореви, бадеми и лешници, на крајот сечењето со нож на парчиња во облик на ромб и на крајот печењето во загреаната фурна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога се враќаше дома навечер од корзо, Баге прво ќе свратеше кај него и ќе го кренеше на раце како рулче - беше лесен како перце и сув како лешник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Чу, јадрите заби дробеа јадри лешници, се забуцуваа в месо, ги мелеа отровните зборови.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со што ќе кршиш ореви и лешници, велам, го жалам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како сега на детето твое да му носиш секој ден „Милка“ чоколада, ама од 300 гр., и тоа со лешници! Ова колку за споредба.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сакаше да ја стори лешник и в џеб да ја стави. Можеби на тврд и чуден начин...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Види го, се стиснал како лешник. Пред нашите едно лице, пред странците друго.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Едноставно, лешникот, онака заоблен, мазен и тврд попрво би отскокнал отколку што би се распукнал од ударот, сечилото само би го допрело и би се одбило, освен ако не удри точно во онаа точка која е самиот, најосамен врв на лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По малку оттаму излезе со полна кошничка ореви и лешници.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Му ја опишав сликата и го запрашав зошто Дад го одбрал токму лешникот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)