ливче ср.

ливче (ср.)

Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа ќе влезеше дома и долго на балконот Го полеваше цвеќето, ги забришуваше неговите листенца И на крајот ќе седнеше да испие кафе со младата домаќинка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Можев да ги видам помамувачките ливчиња на семејното стебло, од макроскопската материја па сѐ до квантниот вакуум, пресметувајќи точно што се наоѓа помеѓу тие две сфери на време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој пат бакнежот за неа беше како пупка која на усните ѝ расцвета во ружа – во ливчињата на тој бакнеж таа ја сети свежината на капките роса и богатството на кадифеноцрвената боја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ситни глогови листенца му треперат над главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И наеднаш врне дожд тој тече по долгите опуштени лисја на црешата трепери по ливчињата на јасиката го мекне липиното цвеќе и тремот станува трем на шумска колиба сред летна луња.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седат ко абдали пред тв кутијата и се тресат за својот фаворит, а да не ги спомнувам оние кутри пациенти со ливчињата у руки кои со саати дрочат по кладилниците и животна цел им е спортската лутрија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Борхес прераскажува запис од Исток според кој во пустинитена Индија растеле црвени ружи и врз листенцата со златна боја било запишано: нема друг бог освен тебе...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Високата георгина уште повеќе се исправи, белите хризантеми си ги раширија листенцата подавајќи се на нежното милување, паднатите, жолти лисја подлетнуваа, а трите розови пупки - лесно нишкајќи се расцутеа од радост...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А митралезот само стриже над нас, поткршува ветки и ливчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниедно ливче не му мрднува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Треба да ја чуваш. Да не ѝ ги кинеш ливчињата, да не ѝ ги кршиш гранчињата, да ја браниш од гасеници и да ја поливаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
ВАЖНО, ваквиот прозорец на градски паркинг може да ве посрамоти зашто мора брзо да излезете, да го притиснете ливчето со „баркодот“ за да го отчита читачот и уште побрзо да се вратите во колата, да „убаците“ во прва и да ја фатите рампата додека е крената.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Цепнатинка во каменот и во неа - цвеќенце. Треперат листенцата во топлите повеви на ветерот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командантот чудно свесен напиша на ливче хартија: „Земете го пиштолот таму каде што падна и нека ме замени некој друг“. Сакаше да го одврземе, но Бугаринот не дозволи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Цвеќиња, маргаритки повисоки од нас. Ги собиравме белите листенца и полневме цели кошови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Занесена во него - сѐ додека како сронат листец не се спружи врз студената трева.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тоа што вие го слушате како шумол од костенливо листе или како гргор од дулците на чешмите, тоа е мојата молитва, Гласот мој. А мене не ме гледате.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе