лимон (м.)

Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Та нели токму тој ѝ го исцеди животот како лимон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И никогаш нема да разберам како си дозволи да го направиш тоа, ноншалантно како исцеден лимон ја отфрли љубовта, поради своите себични потреби или од чиста пакост и злоба.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пред големите тркала на црвениот двокатен автобус стои дете, големо само колку нив, вкочането и жолто како зрел лимон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Лимоните повторно цветаа во доцната есен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие години, лимони не можеа да се најдат ни за лек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во кафеаната спомна дека се варени и дека „откако ќе им додаде малку кромид и лимон ќе послужат како добра поткрепа за розето или мастиката. За жал пиво не држеле“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас мигновено го забележав тоа. Зар и вие, ќерки мои? Ами јас и Агна сме ти носеле лимонче, мори старо!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го вареше утринското бело кафе, цедеше лимони и портокал, нашата вечна напивка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тукушто се вратив од очен лекар, со очи широко ококорени и жолт како лимон. Ми правеа флуоресцентна ангеографија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Таа чекаше да докапе и последната капка од шишенцето, па да му ги даде сиџилите, лимоните и лупата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Стрина Маловица се понамршти и кога виде манџи со расол, со јајца, па кога Доста ѝ рече оти и лимун ќе ѝ нацеди на супата, просто го искриви вратот на страна и се насмеа „подмустаќ“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Туку ќе ми се добере некој и ќе ми додаде: дали лимон, дали портокал, дали јаболко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не беа како некогаш убаво поредени цвеќињата, лисјето, тревата, јасминовите стебла, лимоните, како во неговата виорна младост кога започна да работи во југословенската амбасада.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сал нејзиниот мирис како далечен облак од јасмини лимони кринови од најубавите цвеќа се истура млако врз тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Лефтерија внесува една тепсија полна со риби, Околу рибите тркалцина од пресечени лимуни, грејат како месечина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цутеа нови лимони. Плискаше водата на шадрванот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата батериска лампа ги фати и ги проблесна со живот, виножитата отскокнаа одново пополнувајќи ги сенките, со бои на сливи, малини и грозје, со боите на пресечен лимон и небото од кое облаците се одвеани, а синилото одново се враќа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе