локомотива ж.

локомотива (ж.)

КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Го уништи мобилната телефонија исто како што парната локомотива ја уништи поштенската кочија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Нов резок пискот на локомотивата ја процепи ноќната тишина и ... бегалците со радост усетија дека возот ја намалува брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се бесевме и на локомотивата што ја возеше чичко Лозан и го молевме да ни раскажува за неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сакаш ли некогаш да седнеме во неговата локомотива и да нѐ прошета каде ќе сакаме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас сум за Југославија, велам и гледам во искрите што ги растура локомотивата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од локомотивата се прскаа в мрак илјадници искри, таа брзо ја цепеше далечината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Возот тресе, бревта локомотивата како да боледува од астма и сѐ оди пополека со денови, со ноќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го гледаме напивањето вода на локомотивите, шопањето на широкото црево озгора, удирањето со чеканче по шините, давањето сигнали со свирчето и знаменцата, гровтањето на маневарките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На наслутениот тажен и полумрачен перон локомотивата умре со продорен крик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги затворија вратите од вагоните. Локомотивата свирна и тргнавме по шините по кои јас појдов пеш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стрчнавме со чичко Лозана и се обесивме на вагончето веднаш до локомотивата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И после... леле кога ќе писнеше локомотивата после: како се истураше народот на перонот, како им се отвораа устите, како им се мрдаа јаболкцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Локомотивата пуфка чад и пареа, снегулките се топат на оџакот, си ги подгоруваат крилјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Длабоко во ноќта го очекуваше пискотот на локомотивата на својот Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Возот профуча. Од локомотивата долго мавташе една измастена рака и се смееше едно црно лице со најбели заби на светот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Гледаш од далеку јури локомотива право кон тебе, а ти, да те нема.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Воз во движење низ населени предели, покрај река и дрвја. Писок на локомотива.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Повеќе