лотос (м.)
За миг ѝ се стори дека се наоѓа над езеро полно со лотоси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Постои таму некаде далеку како драг небесен цвет, опоен мирис на гардении и лотус, нејзините нежности се мевлем за животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ѕвони телефонот. Не ја кревам слушалката. Седам во лотос- положба, не се помрднувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Болниот грч при породувањето. „Лотосот“ на нејзините гради.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Знаете, јас сум новинарка. - Ова повторно ја стресе Рада. Та нели во писмото од Јана стоеше дека „лотосот“ бил посвоен од некој новинар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- А овој бисер! - Тоа е нашиот заеднички „лотос“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
До тој расцветан лотос во мирната вода имаше уште еден.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Осумнаесет години немаше ден Рада да не помисли на расцветаниот лотос.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Седнува во лотос положба: - Немојте погрешно да ме разберете.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)