лоши (несв.)
Мене почна да ми се врти во главата и да ми се лоши.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ми се лоши од возбуда, чувствувам топли и студени бранови како ми го преплавуваат телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А не ми се лоши, да речеш, уште не ми се повраќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако добиеш главоболка или ако ти се лоши, родителите веднаш да те однесат на клиника“, мошне сериозно зборуваше докторката Горица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Почна да ми се лоши, да ми се бурбати.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дино отиде да гледа телевизија и ме викна и мене да седам со него, но многу ми се лошеше од месото што почна да ми се превртува во желудникот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)