лубеница ж.

лубеница (ж.)

Полето црвено во образите го гризе последното парче од сончевата лубеница.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Зелената кора од лубеницата крцкаше под сечивото на ножот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не растеа сите лубеници со еднаква силина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ти го скршив срцето како кревка лубеничка.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сум видел како од автомобили што врват по улиците излетуваат низ отворените прозорци: хартии, празни кутии од цигари, кори од банани, од лубеници...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ми жубори вода од некаде, се цедат скршени лубеници и портокали, се точат ладни бози и газози.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Двајца војници влегле во еден бостан и кинат лубеници, вели, кинат и ги удираат од земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие ја колат лубеницата, а ние си дуваме во предниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги удрат, вели, и после се растуркуваат кој да го земе срцето од лубеницата, кој да го земе попот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Киоскот со цигари и весници е отворен, лебот е дојден од градот, а на пазарчето се продаваат домати како јаболчиња, распукани смокви, презреани краставици и модри патлиџани како дебели краставици, динчиња колку тупаници и калинки колку динчиња, прави пиперки како скротени риби и по некоја шарена лубеница долга како тиква за печење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Значи, ја растоварија колата, лубениците ги изнаредија во тремот, а татко ти влегува дома со блажена насмевка после добро извршената работа и по двете или трите ракии што обично ќе ги испиеше на пазарот шетајќи по тезгите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве некои од нив: Американскиот рапер, Џеј-Зи, не знаел како на Нигеријците за време на својот концерт да им ги обере бостаните, па на организаторите на концертот им побарал да му донесат лубеници со форма на градите на неговата љубена Бијонсе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дедо со невидена прецизност ја сечеше лубеницата на парчиња и на секој ни подаваше по едно.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Со тава од фурна, со печено месо на жар, со риба пржена во тавче, со домати и пиперки, и со лубеници, кои овде лете ги има многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Исус Христос е резенка црвена лубеница Покрај постелата на старецот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мислам оти лубениците пукаа кога ќе се преполнеа со смеа, па ти сакаш верувај сакаш не верувај“, беше заклучокот на дедо ми во врска со неговите искуства од ноќевањата на бостанот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Сега децата ќе јадат млака лубеница и нема да им се бендиса!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога стигнува Гуши од Прилеп, јас сум способен да му приготвам ручек: ситно издробени пиперки, потпржени, два домата во нив и на крајот две јајца во смесата што врие. Како додаток: лубеница.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе