лузна (ж.)
Се бараат луѓето и се препознаваат по слики, по лузни, по белези, по зборови...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Девојката не го разбрала и се повлекувала пред суровата лузна на бледото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еј, пријатели, патот го згрешивте...на сон или јаве грешката лузни си остава.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Времето се отвора и на прастар збор го одгатнува Лузна по лузна и рана по рана записот на душата И зошто земјата замириса на мене.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Му упати молежлив поглед на човекот со лузната, но тој беше зафатен правејќи совршени крукчиња од чад со усните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Лузните на светкавата черупка беа помодри и подлабоки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дрвјата се протегале како лузни во лилавото сивило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тешкиот златен прстен на раката на човекот со лузна блесна низ воздухот, ударот пукна, а девојката за малку ќе паднеше на подот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И уште ми рече тогаш дека е подобро да не доаѓам во Сараево и да си го вардам градот во спомените без лузни онака како што се варди убавината на мајските утра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Но сега таа беше црна, без прозорци, изрежонета и со лузни и дупки по ѕидовите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ја отпетлуваше и кошулата на градите: еве и овде имам лузна од куршумите...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јатата и месечините се распливнаа, небото со своја сила си ги исцери лузните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ние сме со голема лузна, ми вели, и од неа никој не може да ни го види лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше голема секира и голема лузна на челото и име кое сите го благословуваа, во големите зими покрај огниште.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И јас и другите другари на секој дел од снагата имавме по некоја лузна или сини колтаци, а кошулите и палтата ни се раскинати од дрпање.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мир не ми даваше портретот со лузни, со жестока болка згрчена врз хартијата, згрутчена во боите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Секаде ни ја гледаат само лузната, вели и си ја брише, си ја оближува устата...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)