луто прил.

луто (прил.)

- Пуштај! – им свика тој луто и нестрпливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ќе се вратите пак кога ќе помислите дека е свршено со мене. Мојата жолта старост ќе ја купите за една обична дневница. Но луто ќе се излажете што го оставате мојот корен зашто вашите брчки пак ќе ги лечите со мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Браќата не се плашеа и имаа луто подвиткани клунови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ме спика во канцеларијата викајќи возбудено и луто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Понекогаш го нарекуваше никаквец, но таквото луто однесување, јас го разбирав како нормално: постои значи некој кон кого можеме да ја искажеме нашата лутина, нашиот цинизам и нашата смисла за хумор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лекарот нишаше со главата луто.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Петте гуски, не распознавав веќе која е мајката, а кои децата, луто загракаа и почнаа кавгаџиски да ги издолжуваат шиите штом натрапникот се наближи до нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да се вратиш ти луто да лаеш јас кротко да зборам да не ни пречи разликата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога почнаа да го навредуваат во Коринт, луто им рече дека можат слободно да загинат, оти тој веќе нема намера да им проповеда ним и ќе оди кај другите народи, кои полесно ја разбираат Радосната Вест и повеќе веруваат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Целиот тој ден како родилка се мачеше времето, пискаше северниот ветар, најлуто ја швркаше земјата, предметите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ме обзеде луто чувство на љубомора поради кое одеднаш губам волја за младата убавица со која голи лежиме во сексуална споеност. Чудно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најпрвин залаја пес, потоа глутница пци. Некој нешто луто викаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Е, ај кажи како се прави шопска салата!“ И им кажав. Ако е за гости, ги прашуваш дали јадат кромид, дали јадат луто... и го сечеш патлиџанот на коцки, ставаш краставица, пиперка, кромид на кругови и сирењето на ситно го рендаш... И тоа...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе