магла (ж.)
Фаќајте магла додека е време...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Значи, ветериштата се тие што го носат островчето завиено во сивиот кожурец на своите магли.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И дење и ноќе и под снег и под дожд и по виулица и магла треба да знаеш да ја растуриш и да ја наместиш пушката...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кревалката е да ја крева маглата од полињата на страстите да не им пречи на сите кои во занес плетат корпи за брање свежи воздишки
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ноќта народот полегна на бреговите на Езерската земја А кога се разбуди забележа мирис на исгорено жито И многу смолница и планина скршена од магли.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Есента е богата со соништа иако понекогаш тажна со водата што опаѓа не се плови Ноемврските богати магли со што ли ги дојат реките
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Стеблата се сцрвуваа и крцкаа а ридиштата во трепетливите далечини се покрија со подвижни магли.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Почнав да тонам во маглите на некое измешано чувство од страв, несигурност, бессилие, вчудовиденост, немоќ.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа се тип на луѓе кои најчесто продаваат муда за бубрези или сеачи на магла од кои добро се офајдивме во овој транзиционен период.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Мислиш излегуваш од некоја магла и пак те снемува во маглата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секој актуален чинител се опкружува со маглата од виртуални слики.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Да ги избркаме маглите и облаците и чадот кренат од оџаците, и насекаде да биде речено: сонцето има да грее непречено.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Млаз од пареа ја пресече маглата отфрлајќи ја настрана.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На потомците им остави лози натежнати од мака, а и мртов смогна да им даде ишарет - колку многу ветер и магла имало на Клиничките патеки на власта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Воздухот беше полн со портокалова магла и тешко дишење.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Веќе не правеше крукчиња, а меѓу нив и околу нив сега имаше само густа магла од чад.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Осмото чудо од последниот рид пловеше в магла.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)