мажествен (прид.)
Одбојноста кон машкиот род, кој ѝ зададе толку многу болка, постепено исчезнуваше со погледот во мажественото лице на Ѓорѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму родовиот субјективитет на геј- мажите – и геј- машката мажественост и геј- машката женственост – е тема на оваа книга.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но како ќе се чувствуваат сите тие ништожнички сега, кога ќе те среќаваат по улицата волку жив и мажествен?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но, ако геј- ослободувањето, кое во секој случај било склоно да промовира облици на андрогинија, не било одговорно за изумувањето на геј- мажественоста, во 1970-тите имало нови родовоконформистички стилови што се генерализирале и што станувале хегемонистички во машките геј- друштвени светови што се обликувале во велеградските центри на САД.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа беше мажествен глас, кој во својата душа таа го споредуваше со јачината на неговите раце.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Порнографијата во продукција на Фалкон стјудиос во 1970-тите го даваше визуелниот соодветник: промовираше модел на геј- секс како благотворна, опуштена машка размена помеѓу другари соиграчи што меѓусебно се почитуваат, а на пленетите гледачи им нудеше танталски проѕирки кон некакво геј- другарство што истовремено е и сексуално и братско, инклузивно и нежно, мажествено, но без осуди, на сечија радост лишено од улоги, хиерархија и сексуална различност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие создаваат еротско разочарување, иако овозможуваат и пријателство, наклонетост, сродност, соучесништво и солидарност.236
Така, маж што ви ја буди желбата отпрвин ви изгледа како чист архетип, отелотворение на мажествената еротска вредност поради која е привлечен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да се тврди дека има некој нормативен мажествен родов идентитет е секогаш ризичен потег за геј-маж во општество што и натаму машката хомосексуалност редовно ја поврзува со женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот го претставува обидот на машката геј-култура да ја растури сопствената романтична сериозност, да ги срамни немилите разлики меѓу кралиците и трејдовите кои машката геј-култура ги зајмила од спротивноста меѓу мажественото и женственото во доминантниот, хетеронормативен родов систем и кои ги направила темелници на сопствениот светоглед.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самиот Џон, ете, спаѓал во втората категорија: јасно предочил дека себеси се сметал за мажествен геј-маж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)