мазни (несв.)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Знам и за кучињата и за кравите, знам зошто вујна понекогаш ме мазни по глава, ми дава лепче со сиренце само за да излезам надвор од куќи; знам и колку го налутува тоа мое влечкање по скали добриот вујко, него место не го земаше чекајќи да излезам од куќи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А долу тече Бистрица и мие, трие, глади, превртува и исфрла на брегот камчиња, а кога вода прибира сал малку повеќе, тогаш ги прибира во себе и одново ги прегрнува, ги мие, ги мазни и ги превртува, та превртува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ѝ ја мазни косата, ја гали, ја бакнува и, не можејќи да прифати дека ѝ ја нема плетенката, со ожалостен и разочаран глас вели: - Никоја чупа како твојта плетенка немаше...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мераклиите, ги мазнеа ѕидовите на окопот или ги поткопуваа така што кога ќе почне да се пука телото на борецот што поудобно да легне во замислената положба за одбрана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Мери некои летвички, со вистинско метро ги мери; мазни некои штички со мало ноже; се внел човекот во некоја работа која и најумниот не може да ја разбере.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мустафа ефенди е оварда кога се работи за наши пари, вели Максим и ја преместува тутуката од десната во левата рака; првин полека, претпазливо, ги симнува панделките од неа, потоа се навалува нанапред и со лицето на дланката на десната рака ја чисти, небаре ја мазни, тревата пред себе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На кусо: разлики на светот навистина постојат, а популарната култура (со своето декларативно заколнување на еднаквост, сеопшта толеранција и релативност на вредностите) ги негира и недопуштено ги мазни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Толе ја навали главата на нејзиниот скут и само преде како маче кога му ја мазнат опашката и го прашаат „писо мацо — дреме ли попот".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Раката му оди в пазува, ја напипува сликата, таа е мазна под прстите и Соколе долго ја мазни, ја милува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Перса нема глас да ја храбри, туку само ѝ ја мазни црната коса и повторува со одвај чуен глас Господи! Господи! Господи!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа знаеше дека тој мирис ме опијанува (често велеше, ми шепотеше: „нема ливада, нема градина, нема планина што ќе те замае како, како, како…“ и со таква увереност со прстите од двете раце се шеташе низ мојата коса, ми ја расчепкуваше и ми ја мазнеше, а потоа ги спушташе дланките под раскопчаната кошула, фаќајќи ме за раменици и притискајќи ме во себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Патрокле му ја грабна лирата од рака И почна да ја мазни меѓу прстите. - Триесет грама, - рече Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)