макне (св.)
Режеа од една полутина кашкавал, а често макнуваа од големата конзерва сол.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ништо не макнуваме. Срамота е жена да лакоми.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Воздивна уште еднаш, го макна врвот од пердувот во мастилото и вниматално повлече една цртка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Истребија жените еден котел царевка, уште еден грав; ги сварија во големите латвици, и кога дојдоа сповојничарките, секоја со по двет-три деца, ја исркаа царевката, го макнаа грашокот со топлите булиња и погачи, го поткренаа сите „новиот човек".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога малку повеќе макнав во ова црвеникава маса, веднаш горко се покајав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сега дедот Петко чека да макне нешто со „вртиборави“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)