малцина (прил.)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ако ги запрашаш, пак грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите?“ - Тоа малцина од нив и ретко знаат за тие работи.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Малцина бевме, многу гоневме, и бевме слабо наоружани, но пак разбивме наши душмани.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)