мамутски прид.

мамутски (прид.)

Преку улицата се протегаше кејот на кој беа наредени четири мамутски тополи посадени уште од османското време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потем погледот го упатив кон мамутските пароли на блиската вишинка и кон мозаикот на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Димензиите на остварената погрешна идеја, на мамутската глупост, беа морничаво врежани во пејзажот, како една од можните варијанти на апсурдот откриен во сините медитерански простори од Албер Ками во неговата филозофија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште на самиот влез во Тирана нѐ пречекуваат мамутски плакати со веќе видените пароли во кои постојано се запишани имињата на: Сталин, Водачот, Партијата...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговата резиденција беше сета по ѕидовите со мамутски репродукции на прославениот Бројгел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ми, беше просто исфрлен од брановите на судбината во ова сега познато козјо маало, во трошната куќа крај реката, под сенките на мамутските тополи засадени уште во времето на Отоманското царство и тешко се соживуваше со ова време на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Историјата не доцнеше многу. Тоа се случи по падот на сталинскиот комунизам во Албанија кога мамутските статуи на Сталин и Енвер Хоџа беа соборени во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во прилог на ова сведочи и нервозното затајување на споменатата мамутска изложба во Guggenheim со наслов „Апстракцијата на дваесеттиот век: Тотален ризик, слобода, дисциплина“. 134 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
VI Прв чекор во родната земја. Погледот го плени мамутскиот мозаик портрет на Сталин на блискиот рид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сета оваа пасторална идила нагло исчезнува со појавата на добриот комшија Лари, којшто (привлечен од звуците на другите животински видови) полетно дотрчува во потрага по жртва на којашто ќе ѝ ја раскаже најновата епизода на својата омилена мамутска серија.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)