марама ж.

марама (ж.)

Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Свилената марама ме натера да можам да се погледнам во огледало без однапред познатата аверзија, фрлајќи во дефокус секаков натпис од девијантна природа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И двете деца беа облечени во сини панталончиња, сиви кошулчиња и со црвени марами околу вратовите, што беше униформа на Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вториот дел од ревијата беше дефиле на крзнени палта или палта со крзнени елементи: на пример, раскошно крзно само ракавите или само ивиците на марамите, потоа муф - прекрасни крзнени „торбички“ за двете раце наместо ракавици, како и широки шубари на главите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Курта зазема типична поза на перспективен играорец. Вади марама како и сите искусни орски лидери.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Марамите се за мама и Атинчето, тие нека си решат која за кого да е.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Што точно зацутело од нив, не е сосема јасно – можете да бидете прилично сигурни дека тоа не е некој меч: можеби било гудалото, или шпагетите замотани околу виљушката, или нечија женска марама.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жената што копаше на полето, се поткрена и ги гледаше држејќи ги со рацете краевите на својата марама.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се потсетив и на црвената пионирска марама и одморот у Чањ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми се препелка марамата во рацете, се лизга низ мазната исончана кожа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Свежо утринско ветренце продира низ марамата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Добро, отров за отров. Не, за тој отров - марама заборавена на стол.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
МАРА: (гледа горе и ја поткрева марамата од главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Најгоре стоеше писмото, а под него имаше една конзерва на која пишуваше „Нес Кафе“, три ќесички со бомбони, под нив спакувани две женски марами.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе