марш (м.)
Приказна како приказна, ја сервираа на јавноста на фонот на посмртните маршови и закани дека ќе стрелаат прецизно таму каде што најмногу ќе ја заболи државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но затоа Светосавското друштво за таа половина година направи доста шум: во неа, освен науките, имаше и воена гимнастика и маршеви на учениците со музика по Белград и неговата околина и патување во летото по Србија, каде што се произнесуваа громки здравици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се враќам од граница: пред очите уште ми се пречкаат борците што ги испратив: со тивок марш ми одат кон смртта, кон никаде да се обѕрнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Според еден член на британската воена мисија Perseverance Кларк „првата бригада го беше презела овој марш да го развее партизанското знаме и да се обиде да добие регрути кои тие мислеа постојат таму, како и да го охрабри дезертирањето од бугарската армија“.115
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Целата бригада се построи. На чело со знаменосецот Трајче со марш и песна бригадата тргна...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се повлекуваме со забрзан марш, што се вели, никој во никого не гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Попладнето - марш на ново одредиште. Во земјанката прибрани и стуткани еден до друг, потпрени на замрзнатите ѕидови од кои се цеди вода, гледаат во малиот жив оган.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Небаре за параден марш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Старите партизански, обединувачки маршеви и натаму се пееја!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Однадвор допре тропот на чизми во марш. Железната врата се отвори со тресок.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И што е уште полошо, им ги полнела со свилени чаршафи устите на сите што во знак на одмазда и ‘рчеле во ритмот на Радетскиот марш.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Разбираше дека во Германија притисокот врз Евреите од шлагер на острастените национал-социјалисти, брзо се преобразуваше во строг марш врз судбините на неаријците врз кои се преземаа актите на сѐ поизразено државно насилие, но не разбираше што Софија има со тоа, особено зашто во германскиот модел меѓу неаријците се подразбираа Бугарите меѓу другите Словени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тивко, полека, кроце чекориме, чиниш секој е внесен во чекорите од долгите ноќни маршеви под дожд и снежни виулици и намети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За овој марш и борбите со бугарскиот окупатор Ламби во својот извештај ќе истакне „до 26 мај поголемиот дел од партизаните скоро беа готови бидејќи тие беа во движење од 24 април, скоро без некој поголем одмор и со многу малку храна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)