масичка ж.

масичка (ж.)

Две масички, десетина пластични столчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ дури не ме седнаа на масичката до вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Креветот беше прекриен со портокалова јамболија, до него имаше мала дрвена масичка и едно ќумбе на дрва во кое гореа неколку цепаници и чијшто звук се слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа беше како никогаш светнато од сите страни. Врз масичката видов вазиче со каранфили од Мајкината градина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Седиме така ние двајцата спроти шпоретот и мијалката во кујната, јас од едната страна на масичката покриена со мушама, таа со рацете на скутот на другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седнат сам до масичката со машината за пишување, сред бледата светлина од лампата со слаб напон, ги препрочитував редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја подаде раката и го допре со прсти студеното огледалце на ноќната масичка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Застануваат крај масичката која е покриена со прекривка и врз прекривката голем буќет цвеќиња во убава порцеланска вазна. И вазната нашарана со цвеќиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сите се разврткаа и најпосле го седнаа Зоки врз една масичка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мојата масичка беше празна. Имаше многу празни масички во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се врати назад во дневната соба и седна покрај една мала масичка што стоеше лево од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Грдан се врати со една чинија во едната и две виљушки во другата рака, Горда ги симна нозете од масичката за да отстапи место за салатата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Продолжуваа да се радуваат, додека тој поставуваше на масичката; јасно сетија дека им е сосема добро. Сега јадеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа сите излегоа надвор, па почнаа да пеат и да играат, а кога одново требаше да седнат на своите малечки столчиња во собата, Зоки пак си седна врз својата масичка. Ова на Зоки многу му се допадна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потоа, тој влегуваше во малата куќичка од штици веднаш до трансформаторот (јас еден ден бев таму и видов како изгледа тоа), се погледнуваше во огледалцето обесено на ѕидот, а потоа го вадеше шишето со ракија и го ставаше на малото тезге довлечкано од кај браната додека таму се градело. Тоа сега служеше како масичка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе