маскенбал (м.)
за маскенбалот на поголемата ќерка во училиштето за странски јазици и за разговорот со професорот по математика, што ќе ја оставел на поправен испит, а потоа и со професорот по физичко воспитание, оти бегала од часови,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како да се враќа од маскенбал, човекот под сивиот граѓански капут е облечен во руба на дворски пратеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Долга жолто-сива врволица од туристи се влечкаше по долгата дубровничка улица; витрините од продавниците беа начичкани со капи украсени со ширити, со богато извезени елеци, привлекувајќи ги погледите на минувачите кои бараа евтини подароци или на оние кои бараа костим за маскенбал на брод.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Прават маскенбал на Правниот факултет. Би сакала ли да ми бидеш партнерка?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од нејзиниот одговор зависеше целиот овој маскенбал без маски.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)