махараџа (м.)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пергаментниот запис во ковчежето со златен клуч и со сребрен катинар му го напишал и му го оставил во дамни времиња неговиот пра-пра-прадедо, махараџата Раџнапур од Мохенџо Даро*, најстариот и најпознатиот град во долината на реката Инд.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Мојот пра-пра-пра дедо, махараџата Раџнапур, по неколку години од крвавото собитие се оженил, велеше, се удомил во некое овче-полско село, им изродил род, а тој род изродил свој род и така до ден денешен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога го дочитал пишаното, дојденецот, учениот и умен гостин, во миг пребледел, кротко се подигнал, ги кренал зачудените очи кон нашиот другар и изустил: „Ваше царско величество, Ваше превосходство, Ваше преблагородие, праправнук на големиот махараџа Раџнапур“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
___ * Се чини дека од името на градот Мохенџо Даро, произлегува и името на нашиот другар Моне Хенџов-Даров, за кој во дамни времиња многу место на селаните од Овчеполието им говорел махараџата Раџнапур.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)