маѓепса св.
маѓепсан прид.

маѓепса (св.)

Го викаат ,Лаопланос", оти ги маѓепсува луѓето, ги замајува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со букви можело и да се маѓепсува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кожа со кафеави дамки во кои откривав вистини за летањето над маѓосани цветови, кај усните ми, се сопнуваа и го добиваа сопствениот облик;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Беше маѓепсан и загледан, останувајќи свесен само за онаа прва вистински сетена болка на гладот во својот стомак, чиешто превиткување го престегна како исквасен ремен и го згрчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше слушнато дека Југословенките и Унгарките во Идн Парк тајно зборувале за мистериозни магии и љубовни напивки, што ги маѓепсувале луѓето со силна љубовна заслепеност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Маѓосан од непревиденото откритие, со сува уста и суво срце, додека мажлецот во моето грло бабреше и ми го запираше здивот (сеедно, сега живеев само со очите), помамно го отсликував во секое свое делче ликот на жената или толкупати ја намножував колку што може да има клетки еден обичен човечки мозок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Френк се плашеше брат му да не е маѓепсан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јаков со змии во косата, свет дух во очите, Јаков што пие роса и јаде див мед, ја маѓепса Кристина која можеше да заведе било кој конзул, зборува француски и грчки како мајчин, Кристина која везе ѓерѓев и јаде од сребро, а татко ѝ тргува со камили по Африка и Азија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Книгата го маѓепса или, поточно речено, го успокои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И самиот не знам како ме маѓепсаа. Ме заведоа по нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Низ глава ѝ мина помислата дека змиите поседуваат подмолна моќ да маѓепсуваат зајаци, пругасти верверици и други мали суштества, и дека можат да хипнотизираат дури и птици, и да ги натераат сами да им влетаат во отворените усти.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Господе! Каква убавина! - извика Рада држејќи ги двете разнобојни обетки во својата дланка. Но, зошто се различни, се прашуваше без одговор. Ја маѓепсаа и двете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше нешто дури и светечко во тоа, како објаснуваше и како веруваше во своите мисли, тој младич, имаше нешто толку ведро, а во исто време и толку аскетско во неговиот ум, тоа маѓепсуваше уште при првиот допир, уште при првата средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа му го занесе срцето, му го маѓепса умот, му стана центар и значење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што ги омајало, што ги маѓепсало та станале милозливи и кротки мачките, покорни само кога љубат?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Те маѓепса светулка, Патнику, помеѓу двете осамени ѕвезди кај што ноќта е најдолга.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе