маќеа ж.

маќеа (ж.)

Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Маќеата дури и ја викна до бањата за да ѝ покаже каде стојат хигиенските влошки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајка останата сираче при раѓањето, но во првата рожба на својата маќеа ќе ја доживее загубената љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лошо спиеше откако маќеата се всели кај нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Понекогаш, тие денови сакав да ја прашам Марина зошто не остана да живее кај татко ѝ и кај маќеата, но се плашев да не ја разжалостам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Маќеа - уште еднаш колку грубо ми прозвучи, иако кажано со шепот, како нешто навредливо, и во тој момент такво нарекување воопшто не можев да го поврзам со таа нашата нова мајка, со Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повторувањето понекогаш е и маќеа на знаењето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И имало тоа девојченце зла маќеа, која секој ден го испраќала голо и босо по ридиштата, да собира дрва.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајкината историја на балканскиот егзил започнува уште од детството кога со семејството ќе се најде во Влора во славниот конак на Еќрем Беј Влора, внукот од вујкото на маќеата на Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во соништата ми оживеа и лошата маќеа на Пепелашка, и страшната маќеа на Ивица и Марица, и маките што ги претрпува девојчето од маќеата во приказната за црното кравајче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Златни деца на туѓа рака оставени, зар маќеата мајка ќе биде, огин да ја изгори...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Љубовта, нежноста на вујна Клементина, ни оддалеку не можела да ги замени нејзината маќеа која припаѓала на големо семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Маќеа сакаш татко да ни донесеш, сакав јас така грубо да му речам, но во тој момент ми излезе пред очи ликот на учителката Вера и не знам зошто тоа „ маќеа“ не можев да го поврзам со неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога вечерта си легнале децата, слушнале како маќеата му вели на татко им: „Утре ќе ги земеш децата и ќе ги однесеш во гората каде што ќе сечеш дрва.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
17. Еден ирски јунак чијашто мајка беше почината, доби задача од својата маќеа да тргне на пат до островот под морето и да донесе златни јаболки што таму ќе ги пронајде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И сега се сеќавам дека инстинктивно ги избегнував приказните во кои се раскажуваше за лошите маќеи, за волшебното огледало, за Ивица и Марица, за Црното кравајче и Пепелашка...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе