мевлем м.

мевлем (м.)

Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овие зборови им дојдоа како мевлем на рана на членовите на штабот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И слатко и благо, што се вели, како мевлем ќе ми дојде и ќе ми застане.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постои таму некаде далеку како драг небесен цвет, опоен мирис на гардении и лотус, нејзините нежности се мевлем за животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Ами чисто салце, вели Маса Ќулумоска, и малку шамачна рогузина да се изгори и пепелта да се замеша со салото, ко мевленче да се направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пред црквата чешма, нови стомни, мевлем вода, во млазови.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како незавршен лекар, со различни мевлени и билки, што сам ги прави или ги набавува во Прилеп и Битола, кога оди таму да шие европејска облека, бесплатно ги лекува луѓето...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)