медиокритет м.

медиокритет (м.)

Сега знаеше дека во нивните коментари и желби за него има многу љубов, оти родителот секогаш го сака она што е најважно за своето дете – удобноста на конформизмот и медиокритетот (до овој заклучок, се разбира, дојде многу подоцна, кога навистина се истрижа и почна да носи не само пошироки пантолони туку и боксерки).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со еден збор Династија беше поднослива медиокритетија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Медиокритетската и цмиздрава желба за сопствена потврда во очите на другите за нас не постои - постојат пределите на мислата, екстатичните полиња на дигиталната комуникација во кои секој се прифаќа и доколку воопшто се вреднува тогаш тоа се прави исклучиво според неговиот интелектуален производ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И конечно, тој релативизам кој науката ја трансформира во поезија, а поезијата во егзистенција е тој фактор кој му овозможува на секој медиокритет во дадена ситуација да се вивне до нивоата на божество и на секој уметник и гениј да пропадне до бедата на обичен месар на банални страсти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)