мелем м.

мелем (м.)

Служењето војска во животот на Едо Бранов ќе беше безначајна и заборавена епизода ако тој таму не се здобиеше со една рана и со еден мелем.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури и го почувствувал мирисот на оние треви со чиј мелем се ублажувале изгореници на кожата со име волчо срце или така некако, волчи јазик, волчи трн, облипиха во јазикот на руските трговци и војувачи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И жената ни даде некои мелеми за да ѝ клаваме на болачето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го врзуваа со јаже за да му стават облоги и мелем на раните за да го лечат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го менуваме мелемот на увото од Горица и бдееме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добитокот се подмладувал; крастите на шиите им зараснувале од треварски мелеми и од церовита топлина на човечка љубов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сфатив дека во ова време на грозомора, нејзината душа е како мелем на отворена рана... И тие нејзини очи!!!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И оттогаш, секогаш кога животот носеше студ од кој ми се смрзнуваше душата, јас му се надевав на оној топол ветер како на мелем.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Почекај. Ќе ти го истријам глуждот со мелем. За еден ден ќе помине.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така, не му преостанувало ништо друго освен да појде до нејзината куќа по лекови и мелеми и леле! колкава изгореница имал на лицето, под очите!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Минал денот, па уште еден, и тој ѝ се заблагодарил кај вратата и рекол дека мора да замине, дека ѝ е длабоко благодарен за мелемите, негата и храната.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Им ги откриваше во душата раните што животот како бесен коњ им ги оставил со копитата, - и со благи зборови, како мелем, им ги зацелуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа исто така е и мелем Ben Gay, кој го пронајде францускиот доктор Bengue, со сите еротски конотации што го сочинуваат тој мелем, чијшто денешен еквивалент е „Deep heat“ (голема горештина); Ben Gau се рекламира во Америка во вид на карикатура на зелено џуџе (наречено Peter Pain of all names, Петар Бол од секој вид), кое прободено во болно место отскокнува поразено, и додека малечката жена ги масира неговите болни мускули со Ben Guz мелемот, тоа вреска: „Проклетство, повторно наседнав!“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој секогаш ги гостеше со ситните риби. А тој беше човек мелем.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако Камилски го запозна Татко во Државниот архив, тој си најде мелем за ранетата душа во тие години на недоверба, сомневања, денунции, кодошења од секако вид, од кои од една и му ја изгоре душата, завршувајќи во Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Без награда ѝ помагал на сиромаштијата со таинствено приготвени мелеми и масла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е па, кардаш, затоа те викав. Си се прочул со своите мелеми за изгорено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знаеше дека тие лузни можеше да ги излекува само еден мелем, а тоа беше нежниот допир на топлата прегратка на неговата изгубена љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе