мелодичен (прид.)
Невозможно ситниот, скоро помал од мене лимар, танок и како од ламарина направен, штукаше мелодично а грленото јаболко смешно му скокаше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нејзиниот глас се креваше угоре заедно со слаткиот летен воздух, мошне мелодичен и исполнет со некаква среќна меланхолија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога пред триесет години ја запозна, тој во неа ја препозна својата Шехеразада – нејзиниот глас, топол, мелодичен и лелеав, како свилен превез ги покриваше зборовите што му ги кажуваше, навидум обични, и им даваше и тежина и леснина, па тие де му ги притискаа градите де го подигаа една стапка од земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сега ја слушна птицата - продолжен звук, како звук на кавалче, мелодичност што останува во лошо сеќавање.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)