мемлив прид.

мемлив (прид.)

Врескајќи, таа истрча за да земе столица и ја поткрена за да може да се поткачи до мемливиот мрак.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Раскопани, буѓосани со обрачи 'ргосани, по темни изби мемливи ријат ги црвци смрдливи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Завлегоа потоа во темната корија, уште мемлива и росна од свежата планинска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неугледна зграда, половината под земја, мемлива, со груб малтер, со малку украси.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Патем се договорија да ги чуваат во Петровата визба, зашто таа има прозорец и не е мемлива како на Мише.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)