мерка (ж.)

Ако неколку или сите пропаганди се спротивстават на тие наши барања и настојуваат во училиштата и црквите да се изучуваат и поминуваат само јазиците на пропагандите, тогаш да се преземат општи и енергични мерки против сите и религиозни и национални пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова е мерка на предострожност за да случајно не се џитнеш од дваесети спрат кога ќе те отпуштат од работа.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во таа мерка се состои предодвраќањето на дележот на Македонија и зачувувањето на таа провинција за Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комунистичкиот режим со драконски мерки речиси ја ослободи земјата од жртвувањето низ крвната одмазда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На конференцијата ќе се земат цел ред мерки во полза на македонските народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа сардела ја носеше таа секаде каде што бевме и каде што одевме целиот живот, како некој нејзин знак за живот по сопствена мерка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Европејците кажуваат оти не можат да направат ништо, оти секоја мерка од Европа комитетот ќе ја прими за заострување на неговата агитација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не попусто ги земам јас сиве овие мерки на претпазливост.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ова може да биде ограничено во одредени случаи, односно Владата може да определи посебни мерки за ограничување на бројот на самовработени странци по поединечна дејност, ако зголемувањето на нивниот број би влијаел на порастот на домашната невработеност во одредената дејност (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако народниот протест во верските и училишните работи, во кои општините треба да се признаат слободни, се покаже од заинтересираната пропаганда како бунт со државна боја и се бараат државни мерки против бунтовниците, тогаш народот и интелигенцијата треба да се обрнат кон конзулите, како кон арбитражни судии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа ќе потрае сѐ додека долговите не бидат платени, сѐ додека американското стопанство не биде способно своите задолжувања да ги намалува со зголемување на порезот и со мерки на штедење, сѐ додека европското стопанство не биде способно своите пазари да ги проширува на големи пространства, сѐ додека техничкиот напредок не ги деблокира кочниците што го закочуваат светското стопанство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Прво било навестено прогласување на опсадна состојба, меѓутоа, владата се задоволила со поблаги мерки и со издавање на наредба за формирање на Воен (прек) суд за брзо судење на атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако кај мене сигурно има една мерка на одважност, сепак не ќе да сум му сосема сличен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но по две години, согледувајќи ја историската важност на Охрид за Македонија, тој во поголема мерка ќе се потпре и врз карактеристиките на охридскиот говор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пресекот е совршен: мерка за крст и за љубов закон на светлината излез од овој свет.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас некого запамтив, па дури и сега гледам смеа и подбив во некои очи и нека бидат сигурни дека ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки, а можеби, дури и многу строги.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе