месечина ж.

месечина (ж.)

Се појавија ли ѕвезди, огреа ли месечина - сѐ ќе биде под мраз. Ќе стежне снегот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше тиха јулска ноќ, од небото грееше полна месечина, а јадрите праски примамливо се белееја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го видовме, значи, камчето од Месечината и се вративме дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Месечината полека започнува да се помрачува.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И месечината не се симна по стожерите гумната зрно не видоа место плод по дрвјата растеше Во дланките како леб го стискаа селаните и прворотките место чедо раѓаа камен црн гол камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Таа ноќ месечината имаше боја на топол и светлив килибар и без престан се огледуваше во нашите очи вковани во бескрајот на ѕвезденото небо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Времето се отвори и на овој бел лист Има уште место за троа ноќ есени И троа месечина од која лисјето вени и паѓа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стрелал и пеел со персиски зборови за месечината и за бескрајноста на шумите под сребрената пајажина на светлоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Месечината одблеснуваше со онаа своја болна светлина над маслините и чиниш рееше тагување над оптегнатиот лав во тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со векови човекот ја гледал Месечината и горел од желба да се искачи до неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И ѝ кажав за далак пупање кај да оди и за Одобрено дете што да прави, ако е детето само занесено и само да спие: да му намачка малку мед на модро книже и да му го врзе на папочето и ѝ кажав како да му го врати сонот на детето, ако му е земен од месечината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Конечно прекрасно очите гледаат. Портокалов од облаци сунѓер месечината весела ја придружува на нејзиниот пат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Месечината не може да слезе во долот и во долот е секаде темничина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа следуваа: збирките раскази „Мени на мојата месечина“, „Патот до осамата“, „Крстопат кон осамата“ и сега е во печат следната негова зборка раскази „Во осамата, со слободата“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Долго си трепереа таа ноќ гранките крај езерото А по брегот си шеташе историјата Со твоето име и со троа месечина во рацете.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Повеќе