меси (несв.)

Иловицата студентите сами си ја копаа на блискиот рид и сами си ја носеа на колички, како што и сами си ја месеа под надзор на професорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оваа пита Мајка ја месеше само на празници и значајни денови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во истата возраст веќе ја исправи на ковчегот да меси буле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седам, ама без работа не се доседува. Ми текна - ќе месам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Обично месеше пити и секогаш им носеше на соседите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Куќата ѝ светна. Таа му меси погача на Стоја, му напржи месо од крмнакот, му ја наполни залупката со месо и сирење, пагурчето со ракија, зоб за маските.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сеќавам, имаше една баба во соседството која кога мајка ми ќе месеше леб везден и велеше Софо дај малку од тој твојот леб...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меси нешто и прати ми на меана.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бидејќи немаше доволно пченично брашно, мајка ми го месеше лебот со една четвртина компири.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За делнички и аргатски денови леб се месеше од мешано - пченично, ‘ржано и пченкарно брашно и пешниците се печеа во добро загорената фурна, поставена скраја од дворот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вода дождовница ги полни рововите. Шлапаат во матната и ја месат со калта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како да меси тесто, темницата на сѐ му даваше поинаков облик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мојата приказна беше иста со таа библиската: Годината,кога во земјата имало голема суша и глад, Големиот пророк одседнува кај вдовицата, барајќи да му меси погача.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Месиме и со расолница, со пиперница. А и расолница не смееш колку што сакаш да туриш. Мислиш и на друго месење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Петлите си знаат уште во темните темници да ги скорнат домаќинките, лебот да се меси, да втаса, да се пече; манџиче да се зготви, софрата да не биде празна - Да не тропа лажицата во празна паница!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Месеа кал од црвена глина со слама, па ги правеа сами керамидите и циглите за да градат куќа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога ќе имаше некоја потреба сите во селото знаеја дека таа меси убав леб и многу жени доаѓаа да гледаат како го меси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тишината можеш да ја месиш како ќофте, да ја извалкаш во презла, и да ја пржиш на тивок оган.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Добра беше таа. Од последниот грст брашно му меси леб, го прекрсти и го натопи со солзи, потоа му го предаде со благослов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
— Мори, оти да не меси, зар му се суи рацете!? — одговорија овие, наглас се насмеаја и се завртаја назад да видат дали ги гледа ќатипчето од конакот, кое веќе одамна беше ја „обесило пушката" кај Петкана Милевска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе