местенце (ср.)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите се мачиме да фатиме некое убаво местенце во овој божји свет.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Гратчето беше лирско и чудно, земјоделско местенце со необични ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Добра се пофали дека мажот ѝ заградил убаво местенце горе на плочата, бил и во градот, ама само до некаде, односно до каде што одела право улицата отаде насипот и кога почнала да се крши лево и десно и да се меша со други, си ја свртил муцката и право надолу, гледајќи да не му се скрие оџакот на фабриката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Подоцна Александра му кажа дека на тоа инсистирал претседателот на општината, заради поголем пропаганден ефект – глупаво би било да снимаат во некое местенце што го нема на картата на Европа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Уште мајсторите да ја бојадисаат фасадата во бело, и тој, со жената и двете деца, конечно ќе може да се пресели од оној мравилник во ова спокојно, тивко местенце.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во големите бучни чудовиштни градови или во малите заборавени перифериски местенца.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
А кога тој пречекори кон печката, малиот пак го најде своето местенце од синојка и се притисна во ѕидот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Местенцето е добро. Ни дете, ни коте, шо велаат. Човекот е домаќин, од домаќинцки сој.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се шеташе по тесното местенце меѓу сламарниците. - Паметиш ли? Им избегав. - Те фатија, - меланхолично шепна Арсо. - Ќе им се извлечам пак!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не ќе има место на земјава за тебе, ниту едно местенце, сеедно ќе те прогонуваат, непрестајно како некое мало, исфрлено кученце. Оди, оди!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)