метафоричен прид.

метафоричен (прид.)

Иако овие костими се хиперболични, анахрони и неконзистентни - зошто еден војвода од Милано би носел капа на венецијански гроф, или неаполски благородник би носел холандска наметка? - тие се метафорично делотворни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Колективниот комплот и побуната на селаните против Симона доаѓа од сферата на најниските побуди, во голема мера е лишена од смисла и метафорично е претставена како деструкција по себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На еден нов начин се повторуваше историјата, метафоричната историја на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вероника Костадинова е со сигурност градител на еден прекрасен метафоричен свет преполн со нијанси на чувства од кои можат да се изнедрат илјадници нови инспирации.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Метафоричната порака е неизгаслив спомен и нескротена тага по родното место што на своите наследници им ја пренесоа веќе изумрените просвиги кои принудно ги доселија во ова село кое никогаш со срце не го прифатија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но токму тука се крие метафоричната порака на поетскиот тестамент: застапувањето за летот, трагата на пеперутката, невидливата порака која не сме готови да ја видиме, да ја прифатиме како излез!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Хабиб Бургиба во тие мигови метафорично својата положба ја споредувал со снажно стебло, преполно со плодови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оттука метафоричната преобразба, семантичката метафора Време на козите, значи метафора на човековата трагична судбина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гамбони ја анализира „метафоричната иконокластика“ на авангардата, но никогаш не сугерира дека постои директен каузалитет помеѓу деструктивната реторика и постоечките случаи на вандализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Метафорична поезија создава ненаметлив свет од естетика, што како своевидна опсервација на животот, ги ослободува страста, емотивноста, луцидноста и пред сѐ искуството.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Демаркацијата може да биде метафорична, симболичка или широко дефинирана (како кај границата меѓу доброто и злото, лојалноста/нелојалноста или уметност/кич); или може да биде повеќе буквална, материјална и видлива (рабовите на книгата, ѕидовите на затворот).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Татко, во еден период, следејќи ги имагинарните кодови на својата библиотека, низ променетиот распоред на книгите, особено низ метафоричното патување на јагулите, од Езерото, преку реката, до Океанот, до далечните брегови на Америка и обратно, замислуваше среќно патување за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најмногу што можеме да сториме, во вакви околности, е и понатаму да бидеме отворени за неопределениот карактер на тие полиња на практика и чувствување, како и за метафоричната и фигуративна природа на самите општествени процеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека реченото можеше слободно да се смести во графата обично губење време, а инаку, во себеси, но под јазикот, го прпелкав и оној друг исто така метафоричен исказ во кој беше присутна тепаната празна слама!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)