метил (м.)
Алкохолот што се содржи во жестоките пијалоци помешани со метил и оној што се употребува во медицината (првиот е често користен од тешки алкохоличари поради популарните цени) е посебно токсичен, понекогаш предизвикува слепило, кома и смрт.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Збрложени, што се вели, си го криеме метилот под јазик. Дотолку сме паднати долу.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
129. Сложените називи на хемиски соединенија на кои составните компоненти не им се поврзани со составна самогласка ‑о‑: алуминиум хлорид, бариум сулфат, јаглерод диоксид, сулфур диоксид, калиум цијанид, метил алкохол и др. (в. т. 113), како што се бележат во практиката на оваа наука.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)