метне (св.)
Уште им се гледаа главите, кога од шумата излезе манастирскиот измеќар и дојде пред игуманијата со ловџиската пушка и со еден зајак метнат преку рамо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Само да не се метне на нејзе во умот“ - знаеја често да прошепотат постарите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ама затоа е јадро. На кого ли е метнато, боже...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се метна на деда си Богдана. Висок, плеќест, крачест, исправен како пушка, што се вели зборот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Па стана, ги подвитка ногавиците до над колена, ги метна патиките во ретката трева меѓу камењата, и одејќи кон водата ги заврати ракавите до над лактовите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Се метнала на татко ѝ, - одврати Младен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)