меѓутоа сврз.
меѓутоа чест.

меѓутоа (сврз.)

Верувам дека никогаш не бев единствената со ваков проблем, ниту во моето опкружување ниту во светот, меѓутоа некако ми се чинеше дека секогаш другите малку подобро се снаоѓаат со домашната економија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа решително им укажува дека може само да помага и да асистира, меѓутоа нема да ги преземе работните обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, нашите момчиња одбиваа да го прават тоа, одбиваа да земат заклетва и да отидат да се борат на страна на некого кој ја имаше завојувано нивната татковина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прво било навестено прогласување на опсадна состојба, меѓутоа, владата се задоволила со поблаги мерки и со издавање на наредба за формирање на Воен (прек) суд за брзо судење на атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, штом се посочи варварството, посебната задача на меморијата е да се бори против заборавот на жртвите имајќи свои иманентни и природни начини на одржување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, денес, кога во цела Македонија народот се разбунтувал и дигнал востание... кога Македонците се борат за правда и слобода, тие господа немаат кураж да го изјават пред еден граѓански суд она за кое народот се бори со оружје в рака.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, самата идеја мисијата да биде пренесена во Македонија кај грчките партизани предивикала противење.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, ја зграпчил со силен замав за рака и ѝ се внесол в лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, во областите како што се типографијата, хирографијата (пишување со рака) и психологијата на некои аспекти на тие проблеми во последно време им се обрнува посебно внимание, особено во врска со наставата на читање и пишување и со визуелната перцепција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Идните воденичари се собирале зад својот челник и молчеле, тој меѓутоа зачекорил со вкочанет врат и со крвава крпа околу главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А една личност се качи до мене и ми ги зема очилата за да ме спречи во читањето; и лампата покрај која читав беше разбиена, меѓутоа некој веднаш донесе нова сијалица , а јас погледнав во момчето кое ми ги зема очилата и нешто во мојот израз на лицето го натера да ми ги врати. Така продолжив два и пол часа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа има многу идилична местоположба во центарот на градот и гледа директно преку главната улица кон течението на Крива Река.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓутоа, козјото прашање уште еднаш ги разбрани духовите во републиките и федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе