мигне (св.)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со тие зборови и друзи Силјан целата ноќ си ја поминал и одвај во зората беше мигнал малку, та кога се разбудил сонцето беше огреало.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Кога ми го зедоа човекот цела ноќ не мигнав. Око со око не можам да ставам, да склопам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Сигурно таа не мигнала. Секој миг излегува на порта, да види дали доаѓам...“ - си мислеше Андон за жена си Вита и брзо грабеше напред.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Цела ноќ не мигнав. Ме измачуваше синиот плик...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пред зори Шпиро се прибра дома, а Бисера без да мигне, дури татко ѝ и брат ѝ предремаа, замеси дветри погачи, залеа вода, ја почисти куќата, ваганите и си отиде дома да наѕре и пак се врати долу да ги пече погачите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Меѓу гранките на старите попатни дабје мигнува сонцето и само за краток миг в очи им паѓа спопаленото небо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Илко му мигна на дедот Петка: обајцата излегоа од анчето и се стиснаа до Батанџиовото ѕитче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само што мигнал малку, нешто главата го болела, пред еден ден имал тешка операција во болницата и од тоа уште не можеше да се ослободи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)